Himoinsa, дел од YANMAR групацијата, е глобална корпорација која дизајнира, произведува и дистрибуира опрема за производство на електрична енергија, од дизел и генераторски комплети на гас, кули за осветлување и контролни панели, хибридни генератори и генератори кои се подготвени да бидат вградени во системи за соларна енергија.

Himoinsa ги произведува сите компоненти на генераторите во своите фабрики, како што се алтернатори, мотори, куќишта и контролери. Целосните инженерски знаења ги применува за секој проект со цел да го прилагодат дизајнот на производот на специфичните потреби на секој проект, нудејќи технички консултантски услуги, физибилити студии и сертификации, дури и пред формално да се направи нарачка. Целиот производствен капацитет и дава на компанијата голема флексибилност во производството, бидејќи тоа значи дека може да направи производи по мерка, со голема флексибилност и за глобален пазар.

Himoinsa има 13 подружници ширум светот, 8 производствени центри и 1.000 вработени кои тесно соработуваат со повеќе од 130 дистрибутери низ целиот свет секој ден.

Како лидери во својата област HIMOINSA и NEXT LEVEL ENGINEERING, можат да ви обезбедат исклучително широка гама на мотори:

YANMAR, BAUDOUIN, DOOSAN, FPT (IVECO), MTU, SCANIA, MITSUBISHI и др.

Како и богата гама на алтернатори –  STAMFORD, MECC ALTE, MARELLI, LEROY-SOMER и др.

Можеме да ви понудиме и специјализирани решенија за:

Податочни центри, концерти и настани, банки, мобилни оператори, болници, станици за прочистување, рударство, владини институции и многу повеќе.

За повеќе информации, не двоумете се да не контактирате!