FOGO е полски производител на генератори на електрична енергија фокусиран на динамичен развој и иновации во согласност со највисоките технолошки стандарди во светот. Приватна компанија со целосно полски капитал и стил на управување, кој без комплекси функционира меѓу најсложените, глобални клиенти. Долгорочната и сигурна активност на пазарот го направи FOGO лидер на индустријата во Полска и водечки производител во светот. FOGO е синоним за висококвалитетни полски производи и сертифициран метод за нивно производство.
Единиците од FOGO ги напојуваат сите видови објекти – домаќинства, јавни и индустриски објекти, настани и специјални возила, како што се полските локомотиви; исто така работат и на патиштата во Полска. FOGO нуди и RES –гас генератори за биогас и CHP постројки за производство на енергија во Полска и во целиот свет.

ФОКУСИРАНИ САМО НА ГЕНЕРАТОРИ (FOCUSED ON GENERATORS ONLY) е мотото сумирано во зборот FOGO, кое ви дава задоволство и сила да се дејствувате во име на некој друг.

Понудата презентирана од FOGO е дизајнирана и произведена врз основа на компоненти со највисок квалитет, истовремено во согласност со ригорозните стандарди и прописи.

Висок и повторлив квалитет на производство се постигнува во автоматизирани и роботизирани производствени процеси

Генераторите за напојување FOGO се гаранција за долга и ефикасна работа.

Ние и FOGO ви нудиме стандардни модели “S” линија од 10kVA до 220kVA, “G” линија од 250kVA до 1534kVA, како и модели по мерка на секој клиент со мотори BAUDOUIN, DOOSAN, IVECO, KOHLER, MITSUBISHI, PERKINS, SCANIA, VOLVO со алтернатори LEROY-SOMER како стандардна варијанта. Исто така можеме да ви понудиме и портабилни бензинзки генератори, кули за осветлување, пумпи за вода и АТС-и.