Гарантирањето на работата на уредите во секоја просторија каде што е инсталирана чувствителна опрема, како што се сервери, рутери и уреди за складирање на податоците, е од најголема важност! Овој тип на опрема емитира топлина 365 дена во годината, 24 часа на ден, поради што основниот и клучниот услов е да се обезбеди правилна и прецизна контролирана температура и влажност во просторијата.

 

За да се обезбеди потребната микро-клима во податочниот центар (Data Center), серверска соба, болница, производство итн. , Ние ќе ви обезбедиме целосна гама на уреди за прецизна климатизација на светскиот лидер во оваа област VERTIV LIEBERT EMERSON NETWORK POWER.

Со нашата опрема ќе добиете ефикасни и сигурни решенија за управување со топлина и контрола на влажноста, прилагодени на вашата специфична големина, локација и деловни цели. На вашите mission critical капацитети им треба најдоброто во прецизното ладење, а ние тоа ќе ви го испорачаме со најнапредната опрема и контролинг во индустријата, со ниски оперативни трошоци и неспоредлива експертиза.

Климатизација на DATA CENTERS и серверски простории

Климатизација на телекомуникациските простории и базни станици

Производи кои се развиени за ладење на оддалечени локации и базни станици. Компактни, лесни и прецизни климатизери со различни опции, висока енергетска ефикасност и редундантност, како и FREECOOLING (слободно ладење).